ФОТО | „Љубовта е сѐ“: Најстабилниот пар во Холивуд прослави 35 години брак

Том Хенкс и Рита Вилсон / Фото: Profimedia/Инстаграм/Рита Вилсон

Актерите Том Хенкс и Рита Вилсон се синоним за квалитетна љубовна врска во Холивуд, нешто што претставува вистинска реткост меѓу познатите личности.

Вчера тие прославија значајна годишнина од нивниот брак – 35 години исполнети со многу љубов.

Вилсон сподели симпатична фотографија од нив двајца, на која насмеано позираат со торта на која пишува „Среќна годишнина“.

„35 години брак. 30 април 1988. Љубовта е сѐ“, напиша таа во описот на фотографијата.

Фото: Инстаграм/Рита Вилсон

Хенкс и Вилсон се запознаа за време на снимањето на комичната серија „Bosom Buddies“ во 1981 година.

Иако на почетокот биле само пријатели, бидејќи Хенкс во тоа време бил оженет со неговата сакана од факултет – Саманта Луис, тие ја започнале љубовната врска во 1986 година.

По две години врска, Хенкс и Вилсон се венчаа од 1988 година и добија две деца заедно – Честер „Чет“ Хенкс и Труман Теодор Хенкс.

Фото: Ralph Dominguez / Zuma Press / Profimedia

Во разговор за „Пипл“, актерката своевремено сподели дека ја ставила својата кариера во втор план за да им се посвети на децата и на својот сопруг.

„Ја намалив мојата работа бидејќи навистина сакав да бидам мајката која е тука кога тие се враќаат дома, кога ги вози со автомобил и која ги прави сите тие нешта“, рекла таа, присетувајќи се.

Фото: Billy Bennight / ADMedia / Profimedia

„Том, исто така, многу работеше, па ние патувавме со него. Ако и двајцата работевме и не бевме присутни дома, моите деца ќе беа засегнати од тоа. Јас не би рекла тоа беше жртва, туку беше избор“, раскажа Вилсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот