ФОТО | Љубовната историја на Амбер Херд: Момчиња, девојки и сопрузи

Амбер Херд, љубовна историја, Фото: Instagram, YouTube - принтскрин

Како што јавноста ја следи холивудската парница на векот, интересот за љубовниот живот на Амбер Херд расте. Актерката како и сите нас имаше свои подеми и падови во романтичниот оддел. Освен поранешниот сопруг Џони Деп, актерката имала врски со многу личности од висок профил, почнувајќи од милијардерот Илон Маск до кинематограферката Бјанка Бути.

Тасја Ван Ри

Херд која излезе „вон ѕидовите“ во 2010 година почнала да се забавува со фотографката Тасја Ван Ри во 2008 година. Романсата била толку интензивна што Херд законски го променила своето презиме во ван Ри за време на нивната врска. Во 2009 година, Амбер била уапсена поради семејно насилство врз фотографката по кавга на меѓународниот аеродром Сиетл-Такома. Години подоцна, Ван Ди изјави дека инцидентот бил „погрешно протолкуван“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RevistaThinkNow (@revistathinknow)

„Амбер беше неправедно обвинета за инцидент што беше погрешно протолкуван и пресензационализиран од две лица на позиција на моќ“, рече Ван Ри во 2016 година. „Се сеќавам на мизогини ставови кон нас кои подоцна се чинеше дека се хомофобични кога дознаа дека ние сме партнерки, а не само пријателки. Обвиненијата брзо биле отфрлени и таа била ослободена неколку моменти подоцна“. Парот се раздели во 2012 година, а Херд го врати своето име по раскинувањето.

Џони Деп

По средбата на сетот на филмот „Rum Diaries“ од 2009 година, Херд и Џони Деп предизвикаа романтични гласини во 2011 година. Двојката се венча во 2015 година на приватниот карипски остров на Деп. Нивниот брак навидум беше осуден на пропаст од самиот почеток, а Деп наводно се пошегува дека „сега можам да ја удрам со тупаница“ на неговиот кум додека оделе кон церемонијата на денот на неговата венчавка. Деп негираше дека некогаш физички ја нападнал Херд и постојано ја обвинуваше актерката од „Аквамен“ дека и самата била насилна, во судската парница што се води сега.

Херд на крајот поднесе барање за развод, кој беше финализиран во 2016 година. Бившите моментално се вмешани во тужба за клевета што ја покрена Деп против Херд за 50 милиони долари. Актерот тврди дека тврдењата на Херд за семејно насилство направени во авторски текст на „Вашингтон пост“ сериозно му наштетиле на кариерата, чинејќи го над 40 милиони долари заработка.

Зошто Џони Деп и Амбер Херд не се на суд оваа недела и што ги очекува кога ќе се вратат

Илон Маск

И покрај обвинувањата за изневерување на Деп со Илон Маск додека таа сè уште била мажена жена, Херд инсистира дека нејзината врска со технолошкиот милијардер не започнала сè додека нејзиниот развод и разводот на Маск од тогашната сопруга Талула Рајли не биле финализирани во 2016 година. По една година заеднички моменти на „Инстаграм“, парот се раздели во август 2017 година, но не за долго, бидејќи ја почнаа врската одново за помалку од пет месеци.

Амбер Херд и Илон Маск/Фото: Профимедиа

До февруари 2018 година, Маск и Херд засекогаш се разделија. Извор за „Page Six“ во тоа време изјави дека Маск „донел одлука да стави крај на работите“, а Херд се согласила дека врската тргнала по својот тек. „Тајмингот едноставно не беше вистинскиот, но тие сепак се грижат еден за друг“, објасни инсајдерот.

ФОТО | Временски приказ на романсата помеѓу Илон Маск и Амбер Херд

Вито Шнабел

Три месеци по нејзината разделба од Маск, почнаа да кружат гласини дека Херд излегува со дилерот на уметнички дела Вито Шнабел. За жал, тие се разделиле по помалку од една година, наводно поради тешкотијата на одржување на врска на далечина.

Андре Мускиети

 

Херд започна да се забавува со режисерот Андре Мускиети во мај 2019 година, но романсата згасна до крајот на годината. Не се знае многу за нивната кратка романса.

Бјанка Бути

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

Херд излезе во јавноста со Бјанка Бути во јануари 2020 година, откако беше фотографирана како разменува бакнежи со кинематограферката во Палм Спрингс, Калифорнија. Се чини дека далечината ја убила и нивната иднина, бидејќи парот се разделил во декември 2021 година, откако поминале „месеци разделени“. Во тоа време, Бути работела во Лос Анџелес додека Херд го снимала „Aquaman 2“ во Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот