Аница Добра / Фото: Christopher Tamcke / imago stock&people / Profimedia

Беше секс-симбол на 80-тите во поранешна Југославија — легендарната актерка Аница Добра го прослави 63. роденден

Славната актерка Аница Добра, која ги освои срцата на публиката во регионот уште пред неколку децении, на 3 јуни го прослави својот 63. роденден.

Добра, низ годините помина низ различни фази во својот живот и кариера, а ја паметиме по улогите кои секогаш носеа посебна енергија, шарм и топлина. Својата огромна популарност ја обезбеди со култниот филм „Како пропадна рокенролот“ од 1989 година. Никој не остана рамнодушен и по нејзините улоги во „Црниот бомбардер“ и „Балкан експрес“.

Инаку, таа важи за една од најубавите регионални актерки, позната како секс-симбол во поранешна Југославија.

Аница Добра, 1991 / Фото: kpa Publicity / United Archives / Profimedia

Иако влезе во седмата деценија и тврдоглаво се спротивставува на трендовите на медицински асистирана „младост“, Добра и понатаму изгледа совршено. Актерката откри дека одржува витка фигура така што се грижи да јаде само сурова, односно жива храна, а речиси секогаш ѝ требаат околу триесет минути за да подготви оброк.

Нејзиниот приватен живот вешто го крие, па јавноста постојано се интересира за него, исто како и за нејзината кариера. Таа со години е во брак со сопругот Миодраг Миќа Софтиќ, кој е нејзин најголем поддржувач. Од бракот со него, таа ја доби ќерката Мина, а пред неколку години станаа и баба и дедо.

Аница Добра, 2023 / Фото: Christopher Tamcke / imago stock&people / Profimedia

Патем, Добра во една прилика сподели спомен од времето кога била млада актерка во подем. Таа раскажала како легендарните актери Милена Дравиќ и Драган Николиќ сакале да ја посвојат.

„Гага ѝ се јавува на Милена и ѝ вели: „Подготви ручек, ти носам малечка, таа е луда како нас. Треба да ја посвоиме, ќе може да нè издржува“, рекла Аница со насмевка, потсетувајќи се на тој ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот