ФОТО | Лижавчиња со потпис на Вучиќ им делеле на деца во градинка во Сомбор
На децата во градинката „Венчиќ“ во Сомбор им биле поделени лижавчиња со велигденски мотив на кој стоел потписот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Од предучилишната установа „Вера Гучуња“ им се извиниле на родителите за „недоразбирањето“ и соопштија дека случајот е пријавен во полиција.
Препорачано
Juče su u somborskoj predškolskoj ustanovi deca dobijala lizalice sa potpisom zeca Aleksandra Vučića. Lojalisti ne znaju za sramotu. pic.twitter.com/7zgu5loTNC
— Duško Sekulić (@sombor1977) April 18, 2025
„Изразуваме жалење и им се извинуваме на родителите за недоразбирањето. Лижавчињата кои им беа поделени на децата од објектот „Венчиќ“ пристигнаа во нашата установа со честитка за Велигденските празници и потпис на Александар Вучиќ.“, се вели во соопштението на споменатата предучилишна установа, потпишано од директорката Снежана Гасетиќ Павошев.
Како што понатаму се наведува, лижавчињата биле прегледани и бидејќи биле фабрички спакувани, како такви, без да се внимава на политичката конотација, им биле поделени на децата да ги однесат дома, а по волја на родителите да ги консумираат.
„Гледајќи дека некој се уште сакал да користи деца и вработени за политички цели, овој случај е пријавен во полиција. Видеото од непознатото лице за предучилишната установа и градскиот одбор на СНС е проследено до полиција“, се вели меѓу другото во соопштението.


