ФОТО | Лила: Кај свадбата најмногу сакам да не е моја

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Познатата водителката и инфлуенсерка, Лила Стојановска на својот инстаграм – профил секојдневно споделува интересни фотографии и видеа. Храна, прекрасни дестинации, модни комбинации како и прекрасни моменти поминати со пријателите и семејството.

Лила веќе 11 сезони го води квизот „Сè или нешто“, а нејзините бројни обожаватели покрај тоа што ја гледаат на малите екрани, уживаат и во нејзините чести објави на социјалните мрежи обидувајќи се барем малку да насетат нешто за нејзиниот приватен живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)


Водителката вчера на својот инстаграм – профил сподели фотографии на кои позира во елегантен црн фустан кој ја следи линијата на нејзиното тело украсен со многу златни детали. Поводот за овој изглед била свадбената прослава на пријатели на Лила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

„Кај свадбата најмногу сакам да не е моја! Ама сакам да се забавувам и да посакам само убавини на тие што ја прават. И секако да се дотерам…“ – напиша водителката во описот на фотографиите.

Лила е позната по својата смисла за хумор и често знае да ги расположи своите следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

„Блескаш“, „Кралица“, „Како и секогаш прекрасна“ „Супер си“ – беа само дел од бројните комплименти кои водителката ги доби од своите фанови.

Видео на денот