ФОТО | Лепа Брена по првиот концерт во Загреб објави фотографија со сопругот Боба, ја замоли публиката за една работа
Регионалната фолк ѕвезда Лепа Брена во петокот вечерта го одржа првиот од серијата концерти во Арена Загреб.
Брена по концертот објавила фотографија од публиката на Инстаграм и кратко порачала: „Ви благодарам“.
Пејачката потоа објави фотографија од младоста со сопругот Слободан Боба Живојиновиќ. Имено, парот ја прослави 33-годишнината од бракот.
Овој концерт бил од посебно значење за Лепа Брена од неколку причини.
– На овој одличен проект работиме од февруари, ние сме навистина голема екипа, славиме долга кариера, но тука е и мојот сопруг Боба, со кој денеска ја славиме нашата 33-годишнина од брак. Ве молам еден голем аплауз за Боба – рекла таа на крајот од првиот концерт.
Инаку, Лепа Брена на првиот концерт во загрепската Арена пристигнала со хеликоптер, а кога го започнала својот голем хит, песната „Југословенка“, заедно со неа едногласно запеале повеќе од 15.000 луѓе.
Брена во загрепската Арена го одржа вториот концерт синоќа, а ја чекаат уште концерти на 9 и 10 декември, за кои сите билети се распродадени. Влезниците сè уште се достапни за петтиот концерт кој ќе се одржи на 16 декември.
ФОТО | Ги покажа нозете долги 2 метра: Лепа Брена насмеана ужива во егзотичен коктел