ФОТО | Kукавички потег кој предизвика гнев кај Србите: Осквернавени лицата на Иринеј и Амфилохие

Денеска беа осквернавени билборди со ликовите на патријархот Иринеј и митрополитот црногорско-приморски Амфилохие на територијата на Црна Гора.

Двата билборди се обоени со бела боја, со која се прекрива ликот на сега веќе починатите патријарх Иринеј и митрополитот црногорско- приморски Амфилохие, а овој потег предизвика остра реакција кај српскиот народ.

Пратеникот на ДФ, Милан Кнежевиќ, побара од полицијата да ги открие и санкционира оние што ги обоиле билбордите и посочи дека полицијата треба што поскоро да го стори тоа.

– Оној кој среде ноќ ги осквернави лицата на патријархот Иринеј и митрополитот Амфилохије да се засрами. Тој е кукавица од раѓање – напиша Кнежевиќ.

Митрополитот Амфилохие почина на 30. октомври 2020 година, како последица од ковид-19, а беше погребан во Подгорица.

ВИДЕО: Колона луѓе кон Подгорица на погреб на митрополитот Амфилохие

Иринеј заврши во болница само четири дена откако го предводеше погребот на црногорскиот митрополит Амфилохие (83) во Црна Гора.

Почина српскиот патријарх Иринеј

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот