Почина српскиот патријарх Иринеј

Почина патријархот на Српската православна црква Иринеј, пренесуваат српските медиуми.

Состојбата на патријархот се влоши вчера, во четврток. Тој беше тестиран позитивен на коронавирусот на 4 ноември, а веќе следниот ден беше хоспитализиран.

Српскиот патријарх се бори за живот: Иринеј приклучен на респиратор

Иринеј заврши во болница само четири дена откако го предводеше погребот на црногорскиот митрополит Амфилохие (83) во Црна Гора. Амфилохие почина на 30 октомври од последици што врз неговото здравје ги остави ковид-19. Неговиот погреб се претвори во високоризичен епидемиолошки настан на кој луѓето масовно се буткаа во желба да го бакнат или да го допрат неговото тело по два дена откако доби позитивен резултат на ковид тестот.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, потврди дека патријархот Иринеј починал. Тој на Инстаграм, заедно со црно-белата фотографија од патријархот Иринеј, напиша:

„Ми беше чест да те познавам. Луѓето како тебе никогаш не заминуваат”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот