Српскиот патријарх се бори за живот: Иринеј приклучен на респиратор

Фото: EPA/VALDRIN XHEMAJ

Српскиот патријарх е во исклучително тешка здравствена состојба и моментно е приклучен на апарати за одржување на работата на виталните органи. Лекарите се борат за неговиот живот.

Иринеј е во болница од 5 ноември поради инфекција на коронавирусот, а синоќа неговата состојба се влошила. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ попладнево откри некои детали за здравствената состојба на српскиот патријарх.

– Фала Богу жив е. Пред три часа денеска беше во подобра состојба, кога дел од медиумите објавија дека починал. Сега е во тешка состојба. Пред 55 минути беше интубиран. Тешко е да се прогнозира било што, освен да се молиме на Бога. Станува збор за голем човек кој со своите дела ја задолжи Србија и српскиот народ, рече Вучиќ попладнево.

Вечерва е објавено дека Вучиќ бил во посета на Иринеј кој, како што пишува „Блиц“, е приклучен на респиратор.

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC
Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Иринеј заврши во болница на 5 ноември, четири дена откако го предводеше погребот на црногорскиот митрополит Амфилохие (83) во Црна Гора. Амфилохие почина на 30 октомври од последкици што врз неговото здравје остави ковид-19. Неговиот погреб се претвори во високоризичен епидемиолошки настан на кој луѓето масовно се буткаа во желба да го бакнат или да го допрат неговото тело по два дена откако доби позитивен резултат на ковид тестот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот