ВИДЕО: Колона луѓе кон Подгорица на погреб на митрополитот Амфилохие

Митрополитот црногорско-приморски Амфилохие, денеска ќе биде погребан во криптата на Соборниот храм во Подгорица, а со Светата литургија ќе чиноначалствува српскиот патријарх Иринеј, јави агенцијата „Танјуг“.

На погребот ќе присуствува претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а се очекува да дојде и српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Според снимките на социјалните мрежи, колони луѓе се насочени кон Подгорица за да присуствуваат на погребот на митрополитот.

Ковчегот со посмртните останки на митрополитот вчера беше предаден во Подгорица и беше изложен во Црквата Христово воскресение, каде што минаа голем број граѓани за да му оддадат почит.

ВИДЕО: Отворениот ковчег со телото на Митрополитот Амфилохије го пречекаа илјадници верници

Телото на митрополитот ќе биде во Храмот до погребот, а граѓаните што сакаат да се збогуваат од Амфилохије ќе можат да го сторат тоа во поворка.

ВИДЕО: Бизарно- Деца го бакнуваат телото на Амфилохије кој почина од ковид-19

 

Амфилохије почина во петокот, откако беше примен во Клиничкиот центар во Подгорица од 6 октомври, каде што му беше укажана лекарска помош поради компликации поврзани со ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот