ВИДЕО: Отворениот ковчег со телото на Митрополитот Амфилохије го пречекаа илјадници верници

Пред Храмот на Христовото воскресение во Подгорица толпа верници го чекаа со часови со желба да го видат ковчегот со телото на митрополитот црногорско-приморски Амфилохије, кое беше предадено денеска од манастирот во Цетиње.

Многумина сакаа да го допрат ковчегот со остатоците од митрополитот, некои ставија цвеќе во отворениот сандак, а присутни беа и многу деца. Без притоа да се води сметка за дистанца, ниту да се почитуваат мерките за носење заштитна маска, среде пандемијата која зема се поголем замав секаде во светот.

Ковчегот со неговото тело беше предаден во Подгорица околу 14,30 часот, кога беше положен во храмот, а неколку минути подоцна започна богослужбата.

Верниците ќе можат да го сторат тоа и во текот на ноќта, се до погребот во недела наутро.

Ѕвоната на сите православни цркви во Црна Гора, се до погребот на митрополитот Амфилохије, ќе ѕвонат во 10, 12 и 16 часот.

Митрополитот ќе биде погребан во недела, во криптата на Храмот Христово воскресение во Подгорица.

Тој почина во петокот, на 30 октомври, на 82-годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот