ВИДЕО: Бизарно- Деца го бакнуваат телото на Амфилохије кој почина од ковид-19

Илјадници луѓе го чекаа ковчегот со телото на починатиот, збиени еден до друг, без притоа да се води сметка за дистанца, ниту да се почитуваат мерките за носење заштитна маска, среде пандемијата која зема се поголем замав секаде во светот.

Многумина сакаа да го допрат ковчегот со остатоците од митрополитот, некои ставија цвеќе во отворениот сандак, а присутни беа и многу деца кои го бакнуваат починатиот митрополит црногорско-приморски Амфилохије во Храмот на Христовото воскресение во Подгорица.

 

Коментарите се секако негативни на социјалните мрежи, бидејќи Амфилохие од 5 октомври беше во лоша здравствена состојба, па тоа беше хоспитализиран во болницата во Цетиње, а потоа префрлен во Клиничкиот Центар. Тестирањето покажа дека бил заразен од коронавирус.

Митрополитот црногорско – приморски Амфилохие е роден 1938 година во Баре под името Ристо. На Богословскиот факултет во Белград основни студии завршил во 1962 година, а потоа го продолжил школувањето и на крајот во Грција го одбранил докторатот.

Тој е интронизиран за Митрополит Црногорско-приморски, Зетско-брдански и Скендериски и Егзарх на Пеќкиот Трон во 1991 година.

На јавност и беше познат како еден од предводниците на литиите кои се одржуваа во Црна Гора, како и голем противник на Парадата на гордоста.

ВИДЕО: Отворениот ковчег со телото на Митрополитот Амфилохије го пречекаа илјадници верници

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот