ФОТО: Криси Тајген со емотивна објава една година откако го загуби синот

криси тајген
Фото: Принтскрин / Instagram

Поранешната манекенка и инстаграм ѕвезда Криси Тајген објави емотивна фотографија на својот инстаграм профил една година откако го загуби својот син на породување.

На фотографијата Криси лежи расплакана во болнички кревет со својот сопруг покрај себе, музичарот Џон Леџенд.

„И синот кој за малку ќе го имавме. Пред една година ми ја зададе најголемата болка која би можело да ја замислам било кога за да ми покажеш дека можам се’ да преживеам, дури и ако не сакам. Не успеав да се грижам за тебе но ти дојде и ме натера да се сакам себеси и да се грижам за себе затоа што нашите тела се скапоцени и животот е чудо. Ми рекоа дека ќе стане полесно но да, тоа сè уште не почнало. Мама и тато те сакаат засекогаш.“ пишува Криси во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen)

35-годишната ѕвезда во друга објава неодамна покажа „селфи“ фотографија во огледало на која таа е облечена во спортски топ и хеланки и говори за борбата со која се соочува за да го прилагоди своето тело по загубата од пред една година.

„Навистина е чудно како ќе изгубите бебе и вашето тело ќе паузира во времето“, стои во објавата.

Криси раскажува дека тежината која ја има накачено мајчиното тело се губи кога ќе го родите вашето бебе и додека го храните преку вашите гради, а вашето тело ќе знае самото како да се наполни со соодветната енергија за да се врати во форма за повторна борба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen)

Искрениот текст продолжува со контрастно објаснување како кога ќе загубите бебе на половина пат, телото само паузира, нема што да прави, кого да храни и останува заглавено со „виснати гради кои се подготвувале да се ќесички со млеко“ и стомак кој бил подготвен да „пече“.

„Не само што сте екстремно, ѓаволски тажни за што можело да биде, но го имате и овој дневен потсетник секој пат кога ќе се погледнете во проклетото огледало“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen)

Тајген е веќе мајка на две деца Луна (5) и Мајлс (3) со музичарот Џон Леџенд, а освен по својата манекенска и телевизиска кариера е позната и по тоа што „нема влакна на јазик“ кога се изразува на социјалните мрежи и допира социјални теми. Таа континуирано јавно говореше за пост-натална депресија ушто по нејзиното прво пораѓање, а објавата на есеј изјавата за загубата на нејзиното трето дете доби повеќе од 11 милиони „лајкови“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот