ФОТО | Кралското семејство му оддаде почит на принцот Филип: Кралицата пристигна со „омилениот“ син

кралица елизабета втора
Фото: EPA-EFE / Принтскрин/Инстаграм

Иако до последен момент не се знаеше дали кралицата Елизабета Втора ќе присуствува на мисата во чест на покојниот принц Филип во Вестминстерската катедрала. Кралицата пристигнала со својот „омилен“ син, принцот Ендру, кому ова воедно му е и последно службено појавување.

кралица елизабета
Кралица Елизабета и нејзиниот син принц Ендру / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Многумина се убедени дека оваа одлука на кралицата, ќе ги разлути принцот Чарлс и Вилијам, кои по обвинувањата со кои се соочи принцот Ендру за сексуално злоставување на малолетничка, наводно не сакале да го видат во своја близина.

Откако пристигнале со приватен автомобил од замокот Виндзор до Вестминстерската катедрала, принцот Ендру ја држел за рака својата мајка, водејќи ја низ катедралата до нејзиното место.

кралица елизабета
Кралица Елизабета и принцот Ендру / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Опкружена со своите деца, внуци и правнуци, британската кралица Елизабета Втора, заедно со уште 1.800 гости, меѓу кои и сите претставници на европските кралски семејства, му оддаде почит на својот покоен сопруг, принцот Филип во пресрет на првата годишнина од неговата смрт која официјално ќе биде одбележана на 9 април.

Присутни беа речиси сите членови на кралското семејство, освен принцот Хари и Меган Маркл со нивните деца, но кралицата, барем јавно, не сакала да го коментира тој момент.

Меѓу првите пристигнале внуката на кралицата Зара Тиндал со сопругот Мајк и децата, а веднаш по нив се појавила и принцезата Ана. Потоа пристигнал принцот Едвард со сопругата Софи, принцот Чарлс и Камила, а по нив и принцот Вилијам и Кејт со нивните деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Addicted (@royaladdicted_new)

Во чест на принцот Филип, во Вестминстерската катедрала присуствувале и кадети на морнарицата. Кога се во прашање цвеќињата, доминирале оние во црвена, бела и сина боја, како и специјалните орхидеи кои кралицата ги имала во букетот на венчавката со принцот Филип.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Во Лондон пристигнаа и членовите на другите европски кралски семејства како шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција, холандската кралица Максима и холандскиот крал Вилем-Александар, шведската кралица Силвија и шведскиот крал Карл XVI Густаф, белгиската кралица Матилда и кралот Филип…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот