Изложено телото на Валентино - Фото: Alexander Logunov / Sputnik / Profimedia

ФОТО | Kралот на елеганцијата во својот град: Рим му оддава последна почит на Валентино

Рим се простува од легендарниот моден креатор Валентино Гаравани, човекот кој со своите гламурозни креации и препознатливата нијанса „валентино црвено“ ја втисна италијанската елеганција во светската мода, пренесува „Еј-би-си Њуз“.

Изложено телото на Валентино – Фото: Francesco Fotia / Avalon / Profimedia

Неговото тело е изложено во Фондацијата „Валентино“, сместена на плоштадот Пјаца Мињанели, на само неколку чекори од Шпанските скали.

Голем број пријатели и соработници пристигнаа да му оддадат последна почит, меѓу кои и креативниот директор на модната куќа „Валентино“, Алесандро Микеле, поранешната соработничка Микаела Калабрези Маркони, како и неговиот долгогодишен партнер и деловен соработник Џанкарло Џамети и други.

Изложено телото на Валентино – Фото: Francesco Fotia / Avalon / Profimedia

Погребната церемонија ќе се одржи во петок во базиликата „Санта Марија дељи Анџели е деи Мартири“. Се очекува присуство на стотици модни ѕвезди, политичари и граѓани кои ќе ` оддадат почит на иконата на светската мода. Иако своите ревии најчесто ги претставуваше во Париз, Валентино секогаш го имал своето ателје во Рим.

Неговите креации ги обожаваа генерации припадници на кралски семејства, први дами и филмски ѕвезди – од Џеки Кенеди Оназис, преку Џулија Робертс, до јорданската кралица Ранија. Валентино Гаравани почина на 19 јануари, на 93-годишна возраст.

Легендарниот италијански дизајнер Валентино почина на 93-годишна возраст

Богатството на Валентино се проценува на околу 1,5 милијарди долари: Еве кој би можел да го наследи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот