ФОТО: Клоп е најдобриот тренер, Меси и Роналдо во тимот на годината!

Јирген Клоп е прогласен за најдобар тренер на светот во традиционалниот избор на Светската фудбалска федерација на гала свечената церемонија во Милано.

Иако можеби многумина очекуваа признанието да заврши во рацете на Ханс-Дитер Флик кој освои сè што можеше со Баерн Минхен, но тоа не се случи.

Германскиот менаџер со Ливерпул ја освои Лигата на шампионите, откако во големото финале го совлада Тотенхем. Исто така со „црвените“ од Енфилд доминираа во Премиер лигата каде освоија дури 97 бодови.

Номинирани за оваа награда, најдобар тренер во 2020 година, во најтесниот круг беа уште Пеп Гвардиола и Маурисио Покетино.

Исто така го имаме и тимот на годината, а во истиот се наоѓаат: Алисон Бекер, Трент-Александер Арнолд, Серхио Рамос, Виржик ван Дајк, Алфонсо Дејвис, Кевин де Брујн, Тијаго Алкантара, Џошуа Кимих, Лионел Меси, Роберт Левандовски и Кристијано Роналдо.

Нојер е најдобриот голман на светот во 2020 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот