Нојер е најдобриот голман на светот во 2020 година

Чуварот на мрежата на актуелниот европски шампион Баерн Минхен во конкуренцијата ги победи Јан Облак и Алисон.
Мануел Нојер годинава освои пет трофеи со баварскиот гигант, по еден во Бундеслигата, Купот и Суперкупот на Германија, Лигата на шампионите и УЕФА Суперкупот.
– Ова е една од најдобрите години во мојата кариера. Фантастично е сето тоа што успеавме да го направиме. Навистина сум среќен – рече Нојер на церемонијата на доделувањето на наградите „BEST“ за најдобар голман на светот во 2020 година.
Во женска конкуренција, прогласена за најдобар голман е Сара Буади која настапува за Лион од Франција, а најдобар тренер е Сарина Вигман, селекторот на холандската сениорска репрезентација.
? @Manuel_Neuer is #TheBest FIFA Men's Goalkeeper 2020. Another trophy for 'The Wall'! ?
? @FCBayern | @DFB_Team ?? pic.twitter.com/zMxnikK3Bh
— FIFA.com (@FIFAcom) December 17, 2020