ФОТО | Ќерката на Болдвин извесно време беше послушна поради него, а сега се соблече сосема гола!

Алек Болдвин и ќерка му
Фото: Инстаграм

Ајрленд Болдвин (26) извесно време била мирна кога се во прашање провокативните фотографии, поради што нејзиниот татко Алек Болдвин и јавно реагираше и изразуваше незадоволство.

Меѓутоа, таа сега им се врати на старите навики, па објави фотографија на која лежи целосно гола во када, во хотел во Нешвил.

Таа се пофалила дека ужива на одморот, а на фотографијата ги покажа и бројните тетоважи.

Инаку, Ајрланд во последните месеци значително се повлече од јавноста и социјалните мрежи, најмногу поради страшната несреќа што се случи на снимањето на филмот „Рѓа“, ​​на кое нејзиниот татко Алек пред неколку месеци ненамерно ја уби својата колешка Халина Хачинс.

Набргу по несреќата, Ајрленд на Инстаграм сподели што мисли за се, па нападна и новинар кој се обидел да стапи во контакт со неа, а на својот татко му пружи поддршка.

Инаку, манекенката и порано се карала со својот татко поради разголените фотографии и многумина ги забележуваа неговите саркастични коментари на нејзините објави.

И покрај тоа, Ајрленд Болдвин не се откажа и продолжува да го привлекува вниманието на јавноста на тој начин.

Дека се здебелила неколку килограми забележале голем број нејзини придружници, но таа не обрнува многу внимание на тоа.

Контроверзната манекенка тврди дека одлично се чувствува во својата кожа, а во минатото често зборувала за проблемите со нарушувањето во исхраната кое го имала, а кое за среќа го решила.

Инаку, Ајрланд се роди во бракот на Алек Болдвин и поранешниот холивудски секс-симбол Ким Бесинџер.

ФОТО: Ќерката на Алек Болдвин и Ким Бесинџер позира со само еден пар високи чизми на неа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот