ФОТО | Ким Кардашијан без грам фотошоп: Ужива на Бахамите како сирена излезена од вода
Ѕвездата на реалното шоу и старлета, Ким Кардашијан веќе неколку дена ужива на Бахамите со новото момче Пит Дејвидсон.
На романтичниот излет таа спои убаво со корисно, и освен што снимаше нова кампања за својот бренд „Скимс“, уживаше во брановите и песокот со својот сакан.
Се работи за нова колекција на долна облека и гаќички за обликување на фигурата со потпис на Ким, а таа уште еднаш потврди дека не ѝ требаат модели за кампањата, кога се има – самата себеси.
Фотографот имаше „тешка“ задача да ја фотографира Ким како сирена во тиркизната вода, додека нејзините асистенти беа наоколу.
Ким позираше на песочната плажа во навидум природно издание, со мокра коса и дискретна шминка. Во припиена сина маичка во комплет со танга гаќички од својот бренд, таа ги истакна своите славни облини и фигури – без грам фотошоп.