ФОТО: Кесие од следната сезона во редовите на Барса!?

Франк Кесие до крајот на сезоната има важечки договор со Милан//Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Капитенот на Милан, Франк Кеси во следното лето ќе го облече дресот на Барселона во која доаѓа како слободен играч.

На интернационалецот од Брегот на Слоновата Kоска му истекува договорот со „росонерите“ на 30 јуни 2022 година.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, играчот од средниот ред во клубот „Камп Ноу“ ќе заработува 6,5 милиони евра годишно. Тој се најавува како второ големо засилување за следната сезона, се очекува да пристигне и Андреас Кристенсен од екипата на Челси.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска не игра толку импресивна улога во Милан оваа сезона, како што тоа беше случај во претходните години, но се одвојува како еден од најдобрите играчи за врска во Европа.

Сезонава во италијанската Серија А Кесие запиша досега пет голови во 22 настапи.

Халанд размислува за трансфер во само за два клуба

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот