Халанд размислува за трансфер во само за два клуба

Ерлинг Халанд до април ќе ги слуша понудите на заинтересираните екипи/ фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Напаѓачот на Борусија Дормунд, Ерлинг Халанд на лето ќе избира меѓу само два клуба во кои би ја продолжил кариерата, Манчестер сити и Реал Мадрид.

Оваа вест ја потврди поранешниот норвешки фудбалер и близок пријател на родителите на Ерлинг, Јан Аге Фјортофт.

– Сагата околу Ерлинг Халанд влегува во завршна фаза и фаворити за неговиот потпис се Манчестер сити и Реал Мадрид. Многу клубови ќе почнат да спинуваат и ќе велат дека „Халанд е прескап“, но многу пореално е да се каже дека Сити и Реал се главни фаворити за неговиот потпис и останува да видиме кој ќе излезе како победник – изјави Јан Аге Фјортофт.

Откупната клаузула на Халанд на лето ќе изнесува 75 милиони евра кои ќе и припаднат на Борусија Дортмунд додека идниот клуб ќе мора да издвои дополнителни 40 милиони евра провизија за агентот и таткото на фудбалерот, Мино Рајола и Алф-Инге Халанд, додека напаѓачот треба да потпише петгодишен договор вреден помеѓу 25 и 35 милиони евра по сезона.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот