ФОТО: Кејт и Камила намуртени ден по интервјуто на Опра Винфри

Фото: Профимедиа

Папараците успеаа да ги фотографираат Кејт Мидлтон и Камила Паркер Боулс, ден по интервјуто на Опра за кое зборува целиот свет. Судејќи според нивните изрази на лицето, на нив не им се допаднале некои работи кои ги кажаа Меган Маркл и принцот Хари.

Кејт Мидлтон е снимена утрото кога доаѓала во палатата, а нејзиниот израз на лицето го покажува нејзиното нерасположение.

Фото: Профимедиа

За тоа веројатно е виновна нејзината јатрва, Меган Маркл, која во текот на интервјуто кај Опра ја обвини дека ја расплакала во пресрет на нејзината венчавка со принцот Хари, по што сепак и се извинила и ги поправиле односите.

Што се однесува на Камила, и таа изгледала загрижено и замислено додека ја возеле со автомобил низ централен Лондон.

Фото: Профимедиа

Сигурно не и било лесно да го проголта фактот што принцот Хари изјави кај Опра дека неговиот татко и нејзин сопруг, принцот Чарлс, е „заробен“ во кралскиот живот.

Покрај тоа, Хари тврдеше дека неговиот татко престанал да го контактира откако тој и Меган се разделиле од кралското семејство.

„Се чувствувам навистина разочарано“, изјави Хари и додаде:

„Нормално, секогаш ќе го сакам“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот