ФОТО | „Кажав да“: Романтично запросување на Никол Шерцингер на Хаваи

Фото: Инстаграм/Никол Шерцингер

Американската пејачка Никол Шерцингер, позната по својот ангажман во музичката поп-група „Пусикет долс“, е спремна за започне ново поглавје од својот љубовен живот.

По тригодишна љубовна врска, нејзиното момче Том Еванс ја запроси пејачката на романтично патување на Хаваи.

„Кажав да“, напиша 44-годишната пејачка во описот на фотографиите од запросувањето.

Фото: Инстаграм/Никол Шерцингер

Еванс, кој е поранешен рагбист, ги сподели истите фотографии на Инстаграм, со опис: „Моето засекогаш“.

Фото: Инстаграм/Никол Шерцингер

Позната двојка го имаше своето прво јавно појавување на една забава по доделувањето на наградите Златен глобус во 2020 година.

Оттогаш, Шерцингер и Еванс споделија повеќе заеднички фотографии на социјалните медиуми. Минатиот месец, тие беа на патување во Португалија и објавија неколку фотографии од оваа прекрасна европска земја.

Том Еванс и Никол Шерцингер во Португалија / Фото: Инстаграм/Никол Шерцингер
Том Еванс и Никол Шерцингер во Португалија / Фото: Инстаграм/Никол Шерцингер

Како потсетување, Никол Шерцингер претходно беше во врска со бугарскиот тенисер Григор Димитров, од 2016 до 2019 година, и со возачот на Формула 1 – Луис Хамилтон, со кого раскина во 2015 година, а беа во љубов цели седум години.

„Понекогаш луѓето остануваат во врска затоа што им е удобно и затоа што не сакаат да бидат сами. Ова е ново поглавје од мојот живот. Моментално, поминувам низ многу трансформативен период“, изјави пејачката за „Пипл“, откако раскина со Хамилтон.

Луис Хамилтон и Никол Шерцингер во 2012 година / Фото: EPA/STR

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот