ФОТО | Катарина Ивановска и Перо Антиќ на летување во Бодрум

Фото: Инстаграм

Македонскиот топ-модел Катарина Ивановска и кошаркарот и претседател на КФМ, Перо Антиќ, извесно време се во врска. Иако, својот приватен живот не сакаат да го експонираат, најновите фотографии покажаа дека тие уживаат во меѓусебното дружење.


Манекенката и кошаркарот, судејќи според приложените фотографии на нивните профили на Инстаграм, поминале убави денови во турскиот бисер Бодрум и иако не објавија заедничка фотографија, повеќе од јасно е дека заедно уживале во убавините на популарното турско летно одморалиште.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Меѓу неколкуте инстаграм-приказни, една привлече посебно внимание, а станува збор за фотографија на која Катарина лежи на грбот на „непознат“ маж. Катарина сподели уште една инстаграм-приказна, на која Перо Антиќ претходно ја имаше означено.

Фото: Принтскрин/Инстаграм
Фото: Принтскрин/Инстаграм

ВИДЕО: Катарина Ивановска стави крај на шпекулациите за љубовната врска со Перо Антиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот