ФОТО | Кантри кралицата Доли Партон одби да биде дел од Рокенрол куќата на славните: Не припаѓам таму!

доли партон
Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Една од најпознатите кантри пејачки, Доли Партон, официјално се огласи дека не сака да биде дел од популарната „Рокенрол куќа на славните“.

Легендата на кантри музиката најави дека иако ја цени номинацијата за влез во оваа еминентна куќа за 2022, ќе отстапи од гласачката номинација, со цел да се осигура дека гласовите за другите изведувачи да не бидат поделени во врска со неа.

На својот официјален твитер-профил таа објави:

„Доли е тука! Иако сум исклучително поласкана и благодарна што сум номинирана да бидам дел од Рокенрол куќата на славните, не чувствувам дека го заслужувам тоа право. Не сакам гласовите да се поделат поради мене, така што ќе морам да отстапам од номинацијата“

Партон која наполни 76 години и една од најпознатите филантропи кога е во прашање активизмот и донирање пари за образование, изјави дека во мигот таа е инспирирана да сними рокенрол албум, со надеж дека ќе биде номинирана за влез во Рокенрол халата кога ќе дојде вистинското време за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот