ФОТО | Како сите природни жени: Памела Андерсон повторно се појави без шминка на црвениот тепих
Памела Андерсон последниве месеци импресионира со својот природен изглед. На бројни јавни настани таа се појавува без шминка и за тоа добива комплименти. Овој пат им позираше на фотографите на модните награди 2023 во Лондон, насмеана и без шминка.
Препорачано
Часови и часови подготовка се вообичаена рутина на многу познати личности пред да излезат на црвениот тепих, но не и на Памела во последните неколку настани каде се појавува без шминка, па и без фризура.
Манекенката и актерка, облечена во бела модна комбинација – панталони, маица и сако – со насмевка на лицето, им позираше на насобраните фотографи. За уште повеќе да ја истакне својата убавина, таа ја собрала косата во ниско опавче.

Таа за прв пат се појави без шминка на модната недела во Париз, кога објасни зошто се одлучила на тоа.
„Не знам, нешто ми падна на памет. Се облекував во оваа прекрасна облека и си помислив ‘Не сакам да се натпреварувам со облеката. Не пробувам да бидам најубавата девојка на светот’ Се чувствував послободна“, изјавила тогаш таа.
Таа рече дека забележала дека многу луѓе се шминкаат, а сакала да го направи спротивното од она што го прават сите други.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
46мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


