ФОТО: Како се разубавува Ева Мендес – 7 игли во вратот, а таа се смешка!

Фото: Инстаграм

Славната актерка подлегна на третман со иглички, а со својата објава и слика шокираше многумина…

Обожавателите на американската актерка Ева Мендес (46) се навикнати да ја гледаат оваа актерка во прекрасни изданија на црвениот тепих, а сега тие имаа можност да видат што се таа треба да претрпи за убавина.

Имено, обожавателите се навикнати да ја гледаат латино убавицата кога е максимално средена од рацете на професионалци, но сега Ева објави нешто сосема поинакво на социјалната мрежа Инстаграм.

Мендес сега објави фотографија на која нејзиниот врат е избоден со иглички и со тоа ги уплаши и вознемири фановите ширум светот.

Фото: Инстаграм

46-годишната актерка подлегнала на третманот „моно нити“, а на фотографијата можат да се видат седум игли прободени низ нејзината кожа на вратот.

Во описот на фотографијата Ева зборуваше за клиниката во Беверли Хилс „Beauty Villa Vergara“, која ја поседува докторката Маријана Вергара Хофстетер.

Коментарите на фановите беа поделени. Некои се уплашија од она што го видоа, додека други беа воодушевени и порачаа дека овој третман е фантастичен за подмладување на кожата и ја поздравија Ева за искреноста, додека другите холивудски ѕвезди лажат и ги кријат естетските зафати за убавина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот