ФОТО | „Кајмак“ на Филмскиот фестивал Сараево: Ана Стојановска блесна во фасцинантна тоалета на црвениот тепих
Извонреден прием со преполно гледалиште, многу смеа и апалаузи имаше синоќа „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на Сараевскиот филмски фестивал.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Актерката Ана Стојановска во спектакуларно издание освои со настапот на црвениот килим со екипата на „Кајмак“ заедно со режисерот Манчевски, колегата Филип Трајковиќ и продуцентот Јане Ќортошев, пред проекцијата во програмата Опен ер (Open Air) во која на отворено се прикажуваат хитовите на годината.

„Кајмак“ ќе продолжи да игра и во кината низ БиХ.
„Со ‘Кајмак’ го омрсивме Сараево. Убаво е кога некој ви ја цени работата, трудот и уметноста“, изјави Манчевски кој во Сараево има третман на легенда на европската кинематографија.

Како и вобичаено, неговото присуство на фестивалите предизвикува голем интерес кај медиумите, а во Сараево покрај бројните беше ангажиран и за три големи, детални интервјуа за Радио БиХ, Танјуг, и телевизијата Н1. Како гостин на Фестивалот, Манчевски доби и почесно место на вечерата со годинешните лауреати, шкотската режисерка Лин Ремзи и американскиот оскаровец сценаристот Чарли Кауфман.

„Кајмак“ овој месец продолжува со успешниот фестивалски живот, а на 23 август ќе биде и американската премиера на 33-то издание на Синеквест во Калифорнија, еден од најголемите и најреномираните независни фестивали на американскиот континент, специфичен по програмата што поддржува иновативни и креативни уметнички дела. До крајот на август и почетокот на септември, „Кајмак“ ќе биде прикажан на уште четири европски фестивали.


