ФОТО | Јапонците дизајнираа пловечки град кој ќе спаси 40.000 луѓе во случај на елементарна непогода
Доген Сити, јапонски пловечки град, е концепт на стартапот „Н-арк“ (N-Arc) кој служи како пример за целосно самоодржливи, паметни градови на иднината кои би можеле да им помогнат на луѓето во случај на природни катастрофи, пишува „Пункуфер“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во градот со пречник од четири километри би живееле 10.000 луѓе, а тој би можел да прими до 30.000 посетители. Кружниот облик на градот не е случаен – тој е дизајниран да издржи лоши временски услови, вклучително и цунами.

Паметниот град е дизајниран да им обезбеди на своите жители напредна здравствена заштита, која вклучува телемедицина, како и напредни анализи на геномот и крвта на граѓаните. Соларни панели, турбини на ветер, водоводни цевки кои ја прочистуваат и рециклираат отпадната вода се некои од иновациите што ќе обезбедат градот целосно, самостојно да се одржува.
Во станбениот прстен во Доген би имало куќи, како и паркови, зелени површини, капацитети за производство на храна, училишта, спортски терени, болници, стадиони, хотели и канцеларии. Мрежата на автономни електрични возила би го намалила метежот на патиштата, како и загадувањето на животната средина. Благодарение на неговиот модуларен дизајн, Доген може да расте, заедно со неговата популација.





