ФОТО | Иванка Трамп расплакана на улица, неодамна откриено дека нејзиниот сопруг има рак

Фото: Профимедиа

Иванка Трамп е фотографирана како во солзи зборува на мобилниот телефон додека влегувала во вежбална, само две недели откако е потврдено дека нејзиниот сопруг Џаред Кушнер бил подложен на втора операција за отстранување на ракот на тироидната жлезда.

Ќерката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп брзо влегла во зградата во Мајами со расплакано лице и мобилен телефон „залепен“ за уво, а многумина помислиле дека во тој момент можеби слушнала лоша вест за состојбата на нејзиниот сопруг.

Фото: Профимедиа

На крајот на август, нејзиниот сопруг во своите мемоари откри дека му бил дијагностициран рак.

Ракот на тироидната жлезда на Кушнер му бил откриен во октомври 2019 година, додека тој бил вклучен во дискусиите за трговската спогодба со Кина.

„Изгледа дека имаш рак. Мораме веднаш да ја закажеме операцијата“, раскажал Џаред за моментот кога дознал дека има рак.

Фото: Профимедиа

Неодамна бил подложен на уште една операција, а семејството ѝ соопшти на јавноста дека операцијата поминала добро.

Да потсетиме, Иванка пред еден месец ја загуби и својата мајка Ивана Трамп, која почина на 74-годишна возраст.

Се чувало во строга тајност: Зетот на Трамп за време на престојот во Белата куќа водел животна битка

ПАДНАА БАКНЕЖИ: Урнебесна средба на градоначалникот на Загреб и првата жена на Трамп

Која беше Ивана Трамп? Сите ја паметат по славната реченица по разводот од Доналд: Не лути се, земи му сѐ!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот