ФОТО | Иванка Трамп ја покажа семејната атмосфера во Белата куќа: Го усогласи стилот со својата ќерка
Ќерката на Доналд Трамп, Иванка Трамп, направи неколку семејни фотографии во Белата куќа. На една групна фотографија, која ја сподели на Инстаграм, таа позира со нејзиниот сопруг Џаред Кушнер, нивните деца – Арабела (13), Џозеф (11) и Теодор (8), а на фотографијата е и Ерик Трамп и неговата сопруга Лара Трамп и нивните деца синот Ерик Џуниор (7) и ќерката Керолин (5).
Препорачано
На крајот од редот стоеше сестрата на Иванка, Тифани Трамп со нејзиниот сопруг Мајкл Булос.
View this post on Instagram
Иванка и нејзината ќерка Арабела беа особено усогласени со стилот, облечени во црвени палта и црни чизми.
Да потсетиме, Иванка на инаугурацијата носеше свечен фустан од брендот Живанши, кој беше инспириран од креацијата што Одри Хепберн ја носеше во филмот Сабрина од 1954 година, во кој глумеше покрај Хемфри Богарт.
View this post on Instagram
Сепак, Иванка стави свој печат на оваа комбинација со неколку детали кои се разликуваат од оригиналната верзија на Хепберн. Имено, наместо бели ракавици, кои ги носеше Хепберн, Иванка избра црни, а со фустанот искомбинира и накит.


