ФОТО | Интервју со Мартина Павлоска, моделка и хедонистка: Со совршени пропорции за „Версаче“ до совршени порции храна

Мартина Павлоска

Нашата поранешна моделка, зеленооката убавица Мартина Павлоска, веќе извесно време живее и работи во Милано, Италија и постојано ни прави „лиги“ на инстаграм и фејсбук со совршените оброци подготвени од нејзиниот сопруг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Martina (@tribanana)

Само за вас, Мартина или како што таа самата си се нарекува „Трибанана“ на својот инстаграм-профил.

Мартина, колку време си во Милано? И како почна прикаската со животот во Италија? Раскажи ни што работиш, што правиш…

– Во Милано сум веќе 12 години. Планирав да престанам да се занимавам со мода кога го добив кастингот за Версаче, каде што работам и ден денес. Отпатував за Милано, а таму сосема случајно се запознав со мојот партнер. Никогаш не ни помислував дека ќе живеам во Италија, а сега не би можела да се замислам на друго место.

Како ти поминува еден ден во Милано? Ако треба да го опишеш со фотографии, кои три би ти биле омилени?

– Деновите се различни во зависност дали сум на работа или не, но секој ден ми започнува со долга прошетка во парк со Џинко. Џинко го најдовме пред две години кога бевме на одмор и го земавме со нас дома. Една од поубавите одлуки!

Мартина Павлоска/Instagram
Мартина Павлоска/Instagram

Вљубена сум во возови, а за моја среќа, на работа патувам со воз така што имам можност за безброј фотосесии. Работното време ми е од 9 наутро до 7-8 навечер. Во периодот кога има модна недела, се работи повеќе од месец дена секој ден, вклучувајќи ги и сабота и недела.

Мартина Павлоска/Instagram
Мартина Павлоска/Instagram

Работам со (горе-долу) истиот тим веќе 12 години и сме повеќе од само колеги, па затоа работата не е воопшто напорна, напротив, кога се работи со пријатели е секогаш забавно. Инаку мојата работа се состои во тоа што дизајнерите на мене се инспирираат и креираат фустани за ревиите и за познатите личности, глумци и пејачки. Колекциите на Версаче се целосно направени на моето тело и моите пропорции. Јас сум официјалниот модел на Версаче кои што ги работи сите интерни презентации, фотосеси и мини ревии.

Мартина Павлоска/Instagram
Мартина Павлоска/Instagram

Навечер најчесто завршувам во ресторанот на партнерот. Не сум многу по излегувањето во барови, ама затоа секоја вечер би ја поминала во дегустација на разно разни специјалитети, солени и благи.

Мартина Павлоска/Instagram
Мартина Павлоска/Instagram
Мартина Павлоска/Instagram
Мартина Павлоска/ Инстаграм
Мартина Павлоска/ Инстаграм

Ти си наш познат лик и име од моделската сцена, но одамна не си тука. Како гледаш на тоа искуство после многу години работа со светски имиња (како Кристијан Лакроа, твојот омилен креатор)?

– Никогаш не ни помислував дека ќе живеам надвор од Македонија. Сестра ми се отсели на 17 години, но јас сепак бев убедена дека ќе останам. Кога почнав да патувам се почувствував послободна и  со секое ново искуство, културно, гастрономско, модно, сакав само повеќе и повеќе. Да се соработува со имиња како Карл Лагерфилд, Донатела Версаче, Кристијан Лакроа е незаменливо искуство. Ако погледнам назад сега, се уште не можам да поверувам на патот кој го имам поминато и сум пресреќна за секој момент, без разлика дали модата ќе биде или не присутна во мојата иднина. Иако Македонија  ќе биде секогаш едно од моите најмили места, сепак решив мојот живот да го продолжам во Италија, сега за сега 🙂

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Martina (@tribanana)

Кога доаѓаш во Мaкедонија прво што посакуваш да јадеш е…

– Дефинитивно бурек со јогурт!

Омилена фраза на италијански…

– Кога му го спомнав ова прашање на Андре се изнасмеа и ми рече: тоа е лесно, ho fame! (Гладна сум, заб на нов.)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот