ФОТО | Селин Дион за празникот конечно ги покажа трите сина: Идентични пижами и џиновска елка

Селин Дион/Фото: Профимедиа

Славната канадска пејачка ја помина Бадниковата вечер со своите три сина…

Канадската пејачка и една од најдобрите музичарки во светот Селин Дион (52) објави навистина ретка фотографија со своите три сина за Бадниковата ноќ.

Имено, славната ѕвезда им даде на фановите ретка прилика да погледнат како изгледа нејзиниот дом и нејзините три сина за Бадник.

Обожаваната пејачка на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија на која сите четворица во исти пижами позираат пред новогодишната елка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

„Нека овој празник ви донесе подароци со љубов, мир, добро здравје и ветување за посветли денови во Новата година која е пред нас“, напиша Селин на својот Инстаграм профил.

Пејачката на фотографијата поираше со 19-годишниот син Рене Чарлс и 10-годишните близнаци Нелсон и Еди. Сите три сина и се придружија на сцената на финалното шоу во Лас Вегас во 2019 година и Дион тогаш откри дека тоа било уникатно искуство.

Да се потсетиме, 5-годишнината од смртта на починатиот сопруг на Селин Дион, Рене Анжели навршува на 14 јануари 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот