Ivan Forjan/X

ФОТО | Хрватите бесни на организаторот на ЕП: Пред полуфиналето морале да спијат во автобус

Европското првенство во ракомет влезе во завршната фаза и стигна до полуфиналињата, но во пресрет на клучните натпревари вниманието го привлекоа контроверзни случувања поврзани со хрватската репрезентација.

Хрватска е единствениот полуфиналист кој нема да биде сместен во Хернинг, градот каде што се играат полуфиналните натпревари. Наместо тоа, „коцкестите“ ќе престојуваат во Силкеборг и ќе мора да патуваат околу 40 километри до салата. За разлика од нив, Данска, Исланд и Германија ќе бидат сместени директно во Хернинг.

Дополнителен проблем за Хрватите се појавил веднаш по четвртфиналниот триумф над Унгарија, кога репрезентацијата била приморана на петчасовно патување со автобус од Малме до Хернинг, при што пристигнала само еден ден пред полуфиналната пресметка.

„Патувањето беше напорно, некои играчи буквално спиеја на подот од автобусот од што беа исцрпени, според многумина организацијата на турнирот е исклучително лоша“, пишува порталот „Гол.хр“.

Полуфиналниот натпревар Хрватска ќе го одигра утре со почеток од 17:45 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот