ФОТО | Хилари Даф позираше целосно гола за насловна: Го почитувам своето тело

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Актерката и пејачка Хилари Даф позираше целосно гола за новото издание на магазинот Women`s Health. Во таа прилика проговори за пореметувањето во исхраната со кое се бореше кога имаше само 17 години. Таа вели дека била опседната со се што јаде.

„Беше грозно. Но сега, на 34 години, размислувам поинаку и имам повеќе почитување кон своето тело. Тоа ме одведе каде што требаше и ми помогна да создадам семејство. Затоа сум горда на тоа. Горда сум што родив три деца. Сега се помирив со промените низ кои моето тело помина“, изјави Даф.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hilary Duff (@hilaryduff)


За голите фотографии во магазинот вели дека шминкерите ги исткнале нејзините најдобри делови од телото, а недостатоците ги прекриле. Сепак, признава дека пред снимањето две недели напорно вежбала, четири пати неделно со приватен тренер со цел да изгледа што подобро на фотографиите. Исто така, истакна дека пресвртница во пореметувањето со исхраната доживеала кога го родила своето второ дете.

„Позитивната пресвртница настапи кога го родив второто дете, ќерката Банкс. Не ни знаев дали после разводот ќе имам прилика за уште едно дете. Беше тоа еден цел микс од емоции, смирувања и сфаќање дека сум моќна, талентирана и паметна“, изјави актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hilary Duff (@hilaryduff)


Актерката се уште оди на терапија со цел целосно да го прифати своето тело.

„Терапијата многу ми помага. На Зум сум со мојот терапевт барем два пати месечно, ако не и повеќе. Но и разговорот и вистинските луѓе околу нас кои не слушаат можат исто така да ни бидат од голема помош при одржување на менталното здравје под контрола“, изјави таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот