ФОТО | Харпер Бекам им испрати емотивна порака на браќата, среде семејната драма која не стивнува
Четиринаесетгодишната ќерка на Дејвид и Викторија Бекам, Харпер Бекам го одбележа Денот на вљубените со емотивна објава посветена на нејзините браќа – Бруклин, Ромео и Круз.
Препорачано
Таа, на својот приватен Инстаграм профил таа сподели црно-бела фотографија од детството на која е насмеана и го гушка својот најстар брат Бруклин, додека Ромео и Круз стојат зад нив прегрнати во базенот.

Заедно со фотографијата напишала: „Среќен Ден на вљубените на најдобрите постари браќа на целиот свет“, а преку една од објавите ја додала пораката: „Ве сакам сите толку многу што зборовите не можат да го опишат“, тагнувајќи ги сите тројца.
Со ова таа испрати моќна порака за заедништво и надминување на конфликтот, од кои секој може да научи нешто, особено нејзиниот постар брат Бруклин, кој, се чини, не може да заборави на старите конфликти.

Ромео ја сподели фотографијата на своите приказни на Инстаграм покрај симболот на бесконечноста, додека нивната мајка Викторија Бекам исто така ја реобјави објавата на својата ќерка, додавајќи црвено срце.
Идиличната порака доаѓа во време кога семејството минува низ јавен конфликт со нивниот најстар син. Бруклин Бекам минатиот месец објави долга изјава во која ги обвини своите родители Дејвид и Викторија Бекам дека шират „лаги“ за него и неговата сопруга Никола Пелц и дека се обидуваат да го уништат нивниот брак.


