ФОТО | Гоца Тржан и нејзиниот сопруг ја слават љубовта како на почетокот: „Само со тебе се чувствувам слободна, те љубам засекогаш“

Гоца Тржан/Instagram
Instagram

Вистинската љубов навистина не познава граници. Во случајот со пејачката Гоца Тржан и нејзиниот избраник и сопруг Раша Новаковиќ ова е точна реченица.

Кога Гоца се разведе од својот прв сопруг Иван, долго време изјавуваше дека „остава на времето да покаже што ќе се случи на љубовен план“. Среќата сепак и се насмевна по втор пат, таа го запозна Раша.  Иако со поголема разлика во години, овие двајца луѓе се синоним за љубовна среќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan)

Многу зли јазици не им предвидуваа среќна иднина, а тие демантираа сè и веќе 10 години се заедно. Низ годините заеднички поминуваа низ различни предизвици, а еден од нив е и борбата за дете, за која Гоца нема табуа и дури јавно раскажа за ин-витро обидите во еден познат клинички центар за плодност во Прага.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan)

Гоца и Раша се во брак од 2015, а во август годинава во тајност кажаа „да“ и во црква. Пејачката не ја криеше својата радост и на својот инстаграм профил сподели фотографија на која напиша дека е најважно што крај себе има човек кој ја поддржува во сите работи што ги прави и дека тие 10 години се навистина среќа за неа.

Ние можеме само да им посакаме да им трае љубовта!

Видео на денот