ФОТО: Го преживеа падот на авионот на Шапекоенсе, сега преживеа нова голема несреќа!

Фото: EPA/JORGE ABREGO

Животот пишува романи, а еден дефинитивно може да се напише и за Ервин Тумири. Тој беше во авионот во кој се наоѓаа фудбалерите и стручниот штаб на Шапекоенсе пред пет години, кога се случи страшна несреќа во која животот го загубија скоро сите фудбалери на тој клуб.

Од сите кои беа во авионот, преживеаја шестмина, вклучувајќи го и Тумири, техничар за авијација.

Јужна Америка ја потресе уште една несреќа, во Боливија, во близина на градот Чочабамба, автобус падна во провалија каде што повеќе од 20 лица го загубија животот и повеќе од 30 беа повредени.

Тумири бил меѓу повредените.

– Спиев и слушав музика, но се разбудив кога луѓето почнаа да врескаат. Jас се фатив за предното седиште, знаев дека ќе се срушиме бидејќи автобусот одеше со голема брзина. Постојано се држев додека не стигнавме на земја. Излетав, седнав, коленото беше повредено и реков..повторно, не ми се верува. Потоа дојдоа да нè спасат, не бев во бесознание. Мислам дека бев првиот што беше изнесен горе – рече Тумири по несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот