ФОТО: Фудбалскиот клуб Работнички продаден за 600.000 евра

фото: fkrabotnicki.com

Фудбалскиот клуб Работнички од денеска има нови сопственици, станува збор за турскиот „Џевахир“.

На „Македонска берза“ се продадени акциите на фудбалскиот клуб Работнички кој е четирикратен шампион на нашата земја.

Вредноста на целата трансакција изнесува 36.004.250 денари или околу 600.000 илјади евра.

ФК Работнички цели кон враќање на шампионските патеки, враќање на меѓународната сцена во која во клупската историја имаше настапи против доста звучни екипи во Европа како Лил, Базел, Ливерпул, Лацио, Рубин Казан…

Во продолжение погледнете ја блок трансакцијата што е објавена на официјалниот сајт на „Македонска берза“:

фото: принтскрин/mse.mk/mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот