ФОТО | Фронтменот на „Калуш оркестра“ ја бакна девојката и замина во војна

Фото: ЕПА/Принтскрин Јутјуб

Фронтменот на украинскиот бенд „Калуш оркестра“, кој победи на годинешниот избор за песна на Евровизија, ја бакна својата девојка за збогум за да се приклучи на првата линија во тековната војна на Украина против Русија, пишува британски „Дејли мејл“.

Олег Псиук, фронтменот на фолк рап-групата, беше фотографиран како ја прегрнува својата девојка Олександра пред неговиот хотел во Торино, Италија, вчера додека заминувал да ја брани Украина од руската инвазија, односно од претседателот Владимир Путин.

Носејќи ја неговата препознатлива розова капа и носејќи ранец, работите на Псиук биле ставени во такси подготвено да се упати кон аеродромот.

Иако во медиумите нема негова официјална изјава, тие пренесуваат дека Олег наводно ќе им се приклучи на украинските војници.

Украинскиот претседателот Володимир Зеленски вети дека ќе ја одржи Евровизија во Мариупол следната година, откако изливот на поддршка од европската публика ја доведе Украина до победа.

Нацијата разурната од војна заврши со 631 поен, додека Велика Британија заврши на второто место со 466 поени. Шпанија заврши трета со 459, а Шведска четврта со 438 поени.

Володимир Зеленски брзо ја поздрави победата – па дури и вети дека ќе го одржи натпреварот следната година во Мариупол, и покрај тоа што градот е опколен од руските сили.

По победата на Евросонг во Торино украинските претставници, групата „Калуш оркестра“ на својот јутјуб-канал го објави сензитивниот спот за нивната песна „Stefania“. Во спотот е опфатен ужасот од војната со која се соочува ураинскиот народ.

За што всушност се зборува во украинската победничка песна на Евросонг?

ВИДЕО | Вака изгледаше Евровизија во 1956 година: Пронајдена одамна изгубена снимка

ВИДЕО | Сакам „Стефаниа“ да стане химна на нашата победа – Украинците го објавија спотот за победничката песна на Евровизија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот