ФОТО | Француски турист го фотографирал чудовиштето од Лох Нес: Дали Неси повторно се појави?

Фото: Profimedia

Туристи кои го посетиле езерото Лох Нес, велат дека виделе темна форма, долга 65 метри како се движи веднаш под површината на водата неколку минути, пренесува британскиот „Телеграф“.

Етјен Камел, фармацевт од Лион и неговата сопруга Елијан, раскажуваат дека додека шетале покрај западната страна на езерото наводно го забележале познатото чудовиште од Лох Нес.

Фото: Peter Jolly / Shutterstock Editorial / Profimedia

„Беше доста чудно. Јас сум човек на науката, па никогаш не верував дека чудовиштето од Лох Нес е вистинско, праисториско животно. Но, кога фотографирав, ја видов оваа долга, сенка. Со сопругата забележавме како се движи сенката“, изјавил Етјен.

Туристите биле во неверување кога на 150 метри далечина од езерото, виделе како во водата се создаваат бранови, како нешто да се движи. Трагата од овие бранови била долга 15-20 метри.

Етијен Камел Фото: Peter Jolly / Shutterstock Editorial / Profimedia

„Не можеме да кажеме дали е животно, но нешто се движеше под водата. Никогаш не сум видел вакви работи во езерата, а таму каде што живеам иам многу“, додал тој.

Инаку, првите приказни за чудовиштето наречено Неси, се појавија во 1933 година, откако Франческа Мекгарви од Каслхед, Пејсли, видела темна форма како излегува од водата. Во понатамошните видувања, тогашните извештаи во печатот велеа дека, наводното суштество личи на плезиосаурус, вид на морски рептил изумрен повеќе од 65 милиони години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот