ФОТО | ЕУ воведе санкции и за најбогатата Србинка: Што сѐ поседува нејзиниот сопруг Андреј Мељниченко?

Фото: Профимедиа

На најбогатата Србинка, Александра Сандра Мељниченко ѝ се воведени санкции од Европската унија, а се поради богатството на својот сопруг Андреј Мељниченко, чие богатство се проценува на 17,9 милијарди долари. За да го сочува богатството, Мељниченко препишал две компании на име на сопругата.

Фото: Профимедиа

Во Службениот весник на ЕУ пишува дека Александра Мељниченко е сопруга на Андреј Игоревич Мељниченко, руски индустријалец кој е сопственик на големиот произведувач на ѓубриво „EuroChem Group“ и друштвото за производство на јаглен „SUEK“.

„Александра Мељниченко го користи богатството на својот сопруг. Заедно со сопругот поседува два пентхауса кои вредат повеќе од 30 милиони долари. Во март 2022 година Александра го заменила својот сопруг како реална сопственичка на друштвото „Firstline Trust“, со кое управува „Linetrust PTC Ltd“, друштво кое го застапува крајниот сопственик на групацијата „EuroChem Group“. Затоа е поврзана со водечкиот деловен човек вклучен во водечките сектори кои обезбедуваат значаен извор на приходи во Владата на Руската Федерација, која е одговорна за анексијата на Крим и дестабилизацијата на Украина“, пишува во образложението.

Фото: Профимедиа

А, сумата поради која Сандра се нашла на мета на ЕУ, воопшто не е мала, па според податоците од 2021 година, богатството на Мељниченко се проценува на 17,9 милијарди долари, а некои проценки одат и до 22,7 милијарди. Тоа што се знае е дека се смета за осмиот најбогат човек во Русија.

Најголем дел од богатството на Мељниченко доаѓа од компании кои се најголеми во светот по производство на јаглен и ѓубриво, а кои сега се во официјална сопственост на Сандра Мељниченко.

Тоа е „EuroChem“ и „SUEK“. Седиштето на „SUEK“ е во Москва, Русија, додека „EuroChem“ има седиште во Швајцарија.

Според годишниот извештај на компанијата за 2020 година, Мељниченко контролирал 90 отсто од „EuroChem“. Тој, исто така, држел 92,2 удел во „SUEK“, најголемиот руски доставувач на термален јаглен.

Милијардерот, исто така, има удел во јавната индустриска компанија „Rosseti Siberia PJSC“ (40,4 отсто) и во целост го контролира рудникот за јаглен Лучегорски и хидроелектраната Приморскаја ГРЕС, пишува „Блумберг“.

Фото: Профимедиа

Вредноста на паричните вложувања на милијардерот и личниот имот е делумно заснована на извештаите на локалните медиуми и бројките кои ги дале негови претставници за медиуми. Тој заработил повеќе од 800 милиони долари на основа на достапните информации за дивиденди на „SUEK“ и „EuroChem“. Исто така, собрал повеќе од 500 милиони долари од дивиденди и продажба на акции на компании со кои јавно се тргувало до декември 2017 година.

Исто така, во својата биографија ја допишува ставката ко-основач на „МДМ банка“, која станала една од 10-те најголеми приватни банки во Русија и до 1997 претседавал со нејзиниот управен одбор. Веќе таа година ги откупува сите акции од партнерот и станува единствен сопственик на банката.

Слободното време го минува на својата јахта „А“. Јахтата личи на подморница, а се претпоставува дека вреди 250 милиони евра. Судејќи по некои извештаи од претходните години, Мељниченко поседува уште едне брод, односно едрилица.

Мељничено има и колекција слики од импресионисти, вклучувајќи и дела од Моне, од кои некои наводно се закачени во споменатата јахта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)


Поседува и луксузен „Boeing BBJ Aircraft“, пентхаус во Њујорк на два нивоа со голема тераса на кровот. Овој пентхаус вреди 12,2 милиони долари и се наоѓа кај Централ парк. Парот, исто така, има вила во францускиот Антиб, имот во Сари, во Велика Британија, проценето на 24 милиони фунти. Исто така, во поедини извештаи се спомнува и дека има недвижности и во швајцарскиот Сент Мориц.

Мељниченко во медиумите не е познат како милијардер кој сака да се расфрла со пари, но не е ниту скржав со парите. Така се дозна и дека една година ја ангажирал пејачката Џенифер Лопез за роденденот на Сандра.

Сандра и Андреј Мељниченко се во брак од 2005 година и имаат две деца, ќерката Тара и синот Адријан.

ФОТО | Јахтата што ја запленија Италијанците ѝ припаѓа на најбогатата Србинка: Која е Сандра Мељниченко?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот