ФОТО | Ѕирнете во „златната“ куќа на Ивана Трамп која е на продажба

Фото: Профимедиа

Четири месеци по смртта на Ивана Трамп, нејзината куќа во Њујорк е ставена на продажба за 26,5 милиони долари, објави „Волстрит журнал“.

Фото: Профимедиа

Импресивната куќа од 810,5 квадратни метри сместена на Менхетен е исполнета со раскошен декор од 1980-тите и украсена со мебел со леопард принт, подови од розов мермер и позлатени украси.

Целиот приход од продажбата на имотот би требало го поделат нејзините три деца: Доналд Трамп Помладиот, Ерик Трамп и Иванка Трамп.

Фото: Профимедиа

– Мојата мајка апсолутно ја сакаше таа куќа – изјави нејзиниот син Ерик за „Волстрит журнал“, додавајќи дека куќата „ја отелотворува Ивана“.

Имотот го купила во 1992 година, кога бил финализиран нејзиниот развод со Доналд Трамп.

Фото: Профимедиа

Во својата книга „Raising Trump“ од 2017 година, таа напоменала дека имотот има потреба од преуредување откако бил празен речиси 12 години. Пред Ивана да ја купи недвижноста, таа се користела како стоматолошка ординација.

Фото: Профимедиа

Во 30-те години што следеле, таа целосно ја преуредила – како на пример, собата за забава украсена со смарагдни тапети и златни украси ја опишала како пример на соба во која „Луј Шестанесетти би живеел ако имал пари“.

ПАДНАА БАКНЕЖИ: Урнебесна средба на градоначалникот на Загреб и првата жена на Трамп

Почина Ивана Трамп, поранешната сопруга на Доналд Трамп

ПАДНАА БАКНЕЖИ: Урнебесна средба на градоначалникот на Загреб и првата жена на Трамп

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот