Почина Ивана Трамп, поранешната сопруга на Доналд Трамп

Ивана и Доналд Трамп
Првата сопруга на поранешниот претседател Доналд Трамп почина на 73 години / 14 јули 2022 / Фото: EPA/Profimedia

Ивана Трамп, поранешната сопруга на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, почина на 73-годишна возраст од срцев удар, соопшти нејзиното семејството за Еј-Би-Си њуз.

„Нашата мајка беше неверојатна жена – сила во бизнисот, спортист од светска класа, сјајна убавина и грижлива мајка и пријателка“, се вели во соопштението на семејството Трамп.

Доналд и Ивана Трамп/ Фото PHOTOlink / Everett / Profimedia

„Ивана Трамп беше борец. Таа избега од комунизмот и ја прегрна оваа земја. Ги научи своите деца на многу работи“, велат од семејството. „Таа ќе им недостига на нејзината мајка, нејзините три деца и десетте внуци“.

Во изјавата за својата платформа „Трут Сошал“, Доналд Трамп ја запамети Ивана како „прекрасна, убава и неверојатна жена, која водеше одличен и инспиративен живот“.

„Нејзината гордост и радост беа нејзините три деца, Доналд Џуниор, Иванка и Ерик. Таа беше толку горда на нив, како што сите ние бевме толку горди на неа“, напиша тој.

Ивана Трамп беше првата сопруга на Доналд Трамп. Заедно имаа три деца – Доналд Џуниор, Иванка и Ерик Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот