ФОТО | Дуа Липа се залага за прекин на огнот во Газа: Од моето искуство во Косово, разбирам што значи војната

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ dualipa

Пејачката Дуа Липа проговори за војната во Газа во интервју за магазинот „Ролинг Стоун“.

„Во моментов, она што треба да го разгледаме е колку животи се изгубени во Газа, невини цивили и животи кои штотуку се губат. Едноставно нема доволно светски лидери кои заземаат став и зборуваат за хуманитарната криза што се случува, за хуманитарниот прекин на огнот што треба да се случи“, изјави поп ѕвездата за магазинот.

Дуа Липа ја краси февруарската насловна страница на Ролинг Стоун , каде што зборува за започнување на нова ера во нејзиниот живот и со нејзиниот албум, а исто така зборува и зошто зазема политички став во врска со војната меѓу Израел и Хамас, повикувајќи на „ хуманитарен прекин на огнот“.

Таа објасни зошто секогаш ги истакнувала своите пропалестински ставови и уште еднаш повика на прекин на огнот во Газа. Како што самата истакна, чувствувала потреба да проговори, иако е многу полесно да се биде аполитичен со оглед на работата што ја работи.

Дуа Липа додала и дека нејзините чувства кон раселените луѓе се многу реални и дека ѝ е многу тешко да зборува за тоа.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ dualipa
Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ dualipa
Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ dualipa

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот