ФОТО | Џенифер Лопез облечена во бело, но без веренички прстен на раката: Дали тоа значи крај на уште една голема љубов?
И покрај сите гласини за проблеми со нејзиниот вереник Алекс Родригез, Џенифер Лопез упорно негира пред јавноста дека нивната врска е во криза. Сепак, се чини дека тоа не е сосема точно.
Таа сподели фотографија од снимањето на нејзината нова кампања на својот инстаграм – профил, каде e целосно облечена во бела боја. На фотографијата Џеј Ло носи бело елегантно палто, а под него само градник, во комбинација со бели патики.
„На врвот на светот“, напиша Џеј Ло под објавата.
View this post on Instagram
Сепак, детаљот што го привлече вниманието на нејзините фанови е дека пејачката на фотографијата не го носи дијамантскиот веренички прстен, без кој порано никогаш не се појавувала во јавност.
Големиот дијамантски прстен повеќе не е на нејзината рака според оваа фотографија и покрај тоа што јавно потврди дека нејзината врска со Алекс и е приоритет и дека даваат се од себе за да успеат.