ФОТО | Девојката на Милош Биковиќ го покажа трудничкиот стомак: Адвокатката изгледа прекрасно

Фото: Инстаграм

Српскиот актер Милош Биковиќ чека дете со својата избраничка Ивана Малиќ.

Популарниот српски актер и црногорската адвокатка, кои се во врска нешто повеќе од две години, со нетрпение го очекуваат своето прво дете, а убавата Ивана на свет ќе донесе момче.

Ивана сега објави селфи на кое се гледа дека е во напредна бременост.

Адвокатката позирала пред огледалото со трудничкиот стомак во преден план, но она што сите ги зачуди е тоа што убавата Ивана не добила вишок килограми, а многумина се прашуваат како успеала да има толку добра фигура.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/Ивана Малиќ

Да потсетиме, Биковиќ на својот Инстаграм се огласи за бременоста на Ивана и ја потврди убавата вест.

„Среќни сме што наскоро ќе станеме родители. Ова е важен, веројатно најважниот момент во нашите животи. Засега не сакавме да го откриеме, но папараците не доведоа во ситуација да немаме избор. Ви благодариме на сите за убавите зборови и честитки, а ги молиме медиумите и новинарите да ја почитуваат нашата одлука и интегритетот на нашиот приватен живот. Кога ќе сакаме да разговараме на оваа тема, секако ќе ве контактираме“, напиша тогаш Биковиќ.

ФОТО | Милош Биковиќ ужива во убавините на Охрид: Овој фестивал е еден од најубавите на светот, се одржува во Македонија од каде потекнува мојот дедо

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот