ФОТО | Милош Биковиќ ужива во убавините на Охрид: Овој фестивал е еден од најубавите на светот, се одржува во Македонија од каде потекнува мојот дедо
Најпопуларниот српски актер Милош Биковиќ, беше дел од актерската постава на претставата „Лагата“, која го затвори 63-тото Охридско лето.
Препорачано

Биковиќ не крие дека и тој и другите актери на претставата, Јелисавета Теодосиќ, Тамара Крцуновиќ, Миодраг Радоњиќ и актерската ѕвезда Милош Биковиќ, се одушевени од убавините на Охрид.
Популарниот актер, освен професионално, времето поминато во Охрид го искористи и за уживање во убавините што ги нуди градот и Охридското Езеро.

„Го затворивме Охридско лето со претставата ‘Лагата’. Овој фестивал е еден од најубавите фестивали на светот. Тој се одржува во Македонија од каде потекнува мојот дедо. Претставата беше за паметење. И денот исто така не беше за фрлање“, напиша Биковиќ покрај прекрасните фотографии на Инстаграм.

Биковиќ, има македонски корени, неговото семејство потекнува од Берово.

ФОТО | Милош Биковиќ и колегите уживаа на Свети Наум: Mалку е еден ден за прошетки низ Охрид


