Клинички-ѓубре / Фото: „Слободен печат“ - Слободан Ѓуриќ

ФОТО | Депонија како „планина“ и во кругот на Клинички центар

Депониите од ѓубре собрани околу преполните контејнери во Скопје почнаа да се расчистуваат на одредени локации, но тоа не важи за Клинички центар каде и денеска граѓаните, кои поради здравствени проблеми посетија некоја од клиниките, можеа да посведочат дека и во болничкиот круг количеството на отпад не е за поценување.

Превртени контејнери од тежината на ќеси со отпад од непознато потекло, картонски амбалажи од дистрибуирани лекови, пластични шишиња, комунален смет и што ти уште не, претставуваат грда и потенцијално опасна состојба, особено што се очекува на Клинички центар хигиената да е на највисоко ниво.

Претпоставуваме дека во дивата депонија на клиниките не се „крие“ и медицински отпад кој би требало да биде складиран во специјални амбалажи и на соодветно место и транспортиран на согорување во „Дрисла“.

Погледнете како изгледаше денеска во кругот на Клинички центар.

Клинички-ѓубре / Фото: „Слободен печат“ – Слободан Ѓуриќ
Клинички-ѓубре / Фото: „Слободен печат“ – Слободан Ѓуриќ
Клиничи-ѓубре / Фото: „Слободен печат“ – Слободан Ѓуриќ
Клинички-ѓубре / Фото: „Слободен печат“ – Слободан Ѓуриќ
Клинички-ѓубре / Фото: „Слободен печат“ – Слободан Ѓуриќ
Клинички-ѓубре / Фото: „Слободен печат“ – Слободан Ѓуриќ

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот