ФОТО | Дамиано Давид е разочаран: Ова е тажен ден за мојата земја

Пејачот Дамиано Давид и новата италијанска премиерка Џорџа Мелони / Фото: EPA

Откако лидерката на екстремно десничарската партија „Браќа на Италија“, Џорџа Мелони победи на парламентарните избори во Италија, бројни јавни личности се огласија со свои ставови. Сепак, реакцијата на Дамиано Давид, пејачот на музичката група „Манескин“, привлече најголемо внимание во италијанските медиуми.

Имено, пејачот ја сподели насловната страница на италијанскиот дневен весник „Република“, на која е испишана веста за победата на екстремно десничарската партија.

„Денес е тажен ден за мојата земја“, кратко напиша пејачот на својот инстаграм-профил.

Фото: Скриншот, Инстаграм

Потоа го сподели и написот на Си-ен-ен, чиј наслов гласи: „Џорџа Мелони ќе биде најдесничарскиот италијански премиер по Бенито Мусолини“.

Фото: Скриншот, Инстаграм

Иако е многу млад и има само 23 години, Дамиано Давид е јавна личност која нема проблем да го искаже својот политички став. За време на настапот на музичкиот фестивал Коачела, пејачот отворено ја осуди руската инвазија на Украина и го опцу рускиот претседател Владимир Путин.

Тој и неговата долгогодишна девојка, 26-годишната манекенка Џорџа Солери се многу активни и во борбата за родова еднаквост.

„Какво болно будење. Полошо од која било хронична болест“, искоментира Солери на Инстаграм.

Фото: Скриншот, Инстаграм

Што може да очекува Европа од првата жена премиер на Италија?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот